Шансите Мбапе да игра против Аталанта се…

Пари Сент Жермен најверојатно нема да може да смета на услугите на Килијан Мбапе на четвртфиналниот натпревар против Аталанта во Лигата на шампионите. Тренерот на „светците“ Томас Тухел вели дека шансите се минимални францускиот ас да биде подготвен за мечот со Аталанта.

„Секогаш има шанси, но тие во моментов се минимални. Секој ден се надеваме на чудо, но ќе мора да се прилагодиме без него“, изјави Тухел. 

Мбапе се повреди на финалниот меч од купот на Франција против Сетн Етјен, а четвртфиналето со Аталанта е закажно за 12. август.

Се вчитува...