Шарапова елиминирана уште на стартот во Индијан Велс

Руската тенисерка Марија Шарапова го заврши настапот уште по првото коло на Мастерс турнирот во Индијан Велс. Шарапова во два сета беше елиминирана од Наоми Осака (6-4, 6-4).

Јапонката во следното коло ќе игра против Агњешка Радванска која беше слободна на стартот од турнирот.

Марија Шарапова се врати на Индијан Велс прв пат по 2015 година, но по ланската принудна пауза поради допинг, тешко може да се врати во светскиот врв. Од турнирот во Индијан Велс, Русинката има две титули.

Се вчитува...