Шаркоски го официјализираше враќањето во Работнички

Николче Шаркоски е нов фудбалер на Работнички. Тој доаѓа како слободен агент и се враќа во „романтичарите“ по една и пол сезона која ја мина во редовите на Академија Пандев. Шаркоски потпиша едногодишен договор.

„Среќен сум што се враќам во редовите на Работнички. Ова за мене е добро позната средина, верувам дека брзо ќе се вклопам и дека ќе му помогнам на тимот да ги реализира клупските цели“, вели Шаркоски.

Левокрилниот фудбалер исто така беше и во преговори со Тиквеш, но на крајот се одлучи да се врати во таборот на Работнички.

Се вчитува...