Шеф на Јувентус: Влаховиќ не е на продажба

После интересот од неколку европски клубови, Јувентус стави до знаење дека Душан Влаховиќ нема да го напушти тимот во овој преоден рок. Ова го соопшти директорот за фудбалски прашања на клубот, Франческо Калво кој кажа дека Србинот не е на продажба.

За него интерес пријавија тимовите на Арсенал, Челси, Баерн Минхен и Манчестер Јунајтед. Меѓутоа се чини нивните обиди за трансфер ќе бидат залудни.

„Гласините се нешто кое не можеме да го контролираме. Трансфер пазарот и натаму не е отворен, но немаме намера да го продаваме Влаховиќ. Задоволни сме од неговиот придонес во натпреварите, иако секогаж може подобро“, изјави Калво.

Се вчитува...