Шефилд Јунајтед избра нов тренер

Шефилд Јунајтед и дефинитивно донесе одлука за смена на тренерот Пол Хекингботом, кој го напушта кормилото на првата екипа откако овој тим загуби со 5-0 од Барнли и падна на последното место на табелата.

Раководството на клубот дискутираше на оваа тема во последните 48 часа, а сопственикот Принц Абдула обелодени дека одлуката е донесена, Хекингботом повеќе не е шеф на стручниот штаб, а на негово место ќе пристигне Крис Вајлдер.

„Да, одлуката е конечна. Крис има направено толку многу добри работи за нашиот клуб и затоа веруваме дека е најдобар човек за тренер во овие околности“, изјави Принц Абдула.

Вајлдер беше предводник на Шефилд во периодот од 2016 до 2021 година, кога си поднесе оставка откако клубот остана закован на дното на табелата. На негово место пристигна Хекингботом, кој ги водеше последните десет средби од сезоната во која Шефилд испaдна од елитното друштво, а две години подоцна успеа и да го врати овој тим назад во Премиер-лигата.

Се вчитува...