Шефилд Јунајтед му зеде мерка на Арсенал

Шефилд Јунајтед оствари значајна победа (1-0) над Арсенал во последниот натпревар од деветтото коло во Премиер – лигата. Новиот премиерлигаш ги изненади „топчиите“ со офанзивен пристап и успеа да освои три бода со кои се искачи на деветтата позиција на табелата со 12 бода. Арсенал има три бода повеќе и се наоѓа на петтото место.

Решавачкиот момент на натпреварот се случи во 30.минута, кога Лис Мусет успеа да ја погоди мрежата на гостите. По корнер, тој најдобро се снајде и го постигна победничкиот гол. Тимот на Унаи Емери не успеа да возврати до самиот крај.

Се вчитува...