Денеска на „Борис Трајковски“ Вардар го пречекува тимот на Шкупи. Двата скопски ривали дербито го очекуваат без победи, после поразите од Брера во Струмица и Работнички на истиот терен.
Со оглед на ривалството во минатото, се очеквуа тежок и неизесен натпревар. Од Шкупи очекуваат три бода од овој натпревар.
„Натпреврите со Вардар секогаш се тешки, оваа средба ќе биде уште потешка затоа што влегуваме по поразот кој го имавме минатата недела. Но, убеден сум дека максимално ќе влеземе на теренот, ќе го дадеме максимумот и со тимска посветеност верувам во победа“, изјави фудбалерот на Шкупи, Блертон Шеји.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА