Шек: Го погледнав Дивац, а тој само го спушти погледот… Знаев дека ги имаме

Лос Анџелес Лејкерс и Сакраменто Кингс во 2002 година ја одиграа веројатно и најдобрата финална серија во Западната конференција во историјата на НБА лигата. Сакраменто по таа година веќе никогаш не беше ни блиску до финале, а околу оваа финална серија се говори и ден денеска. Шекил О’Нил кој во тоа време со Коби Брајант беше лидер на тимот од ЛА коментираше за тоа кога знаел дека Лејкерс играат во финале.

„Не знам дали го забележавте тоа кај мене, но во текот на изведувањето на националната химна секогаш се обидував да остварам контакт со очите со противниците. Така во текот на интонирањето на химната го фатив погледот на Владе кој ја спушти главата. Потоа погледнав и кон Стојаковиќ и тој го спушти погледот. Тогаш знаев дека ги имаме“, изјави Шек. 

Седмиот натпревар беше вистински трилер, а на крајот трагичар беше Стојаковиќ кој беше трагичар на 18 секунди до крајот на мечот.

Се вчитува...