Шек проговори словенечки – Дончиќ „прсна“ од смеа (ВИДЕО)

Лука Дончиќ повторно одигра маестрален натпревар со победата над Лејкерс и беше на чекор до трипл-дабл учинок од 30 поени, 9 скока и 8 асистенции.

По натпреварот Словенецот говореше за натпреварот, даде осврт за сезоната на Маверикс, а на самиот крај Шекил О’Нил успеа и да го насмее младиот бисер откако прозборе на словенечки. Како потсетување легендарниот центар во текот на оваа сезона говореше и на српски па јасно е дека балканските играчи одлично влијаат врз популарниот ‘Шек’.

Се вчитува...