Шек со порака до Бруклин Нетс – Не бидете глупави

Нешто повеќе од два месеци по почетокот на сезоната, Бруклин Нертс го прекршија ветувањето и го вратија Кајри Ирвинг во својот тим, кој цврсто одлучи да не се вакцинира. Ваквата одлука наиде на силна и остра критика од легендарниот Шекил О Нил.

Ирвинг одбива да се вакцинира, а тоа значи дека нема да може да игра дома. Во тимот ќе биде само на гостувањата и тоа во градовите каде вакцинацијата не е услов за влез во сала. А тоа е спротивно на ставот и ветувањето од пред два месеци, кои очигледно повеќе не важат.

„Оваа одлука ја донесовме со целосна поддршка од играчите и по внимателна анализа на моменталната ситуација, вклучително и фактот дека играчите ги пропуштаат нашите натпревари бидејќи поминуваат често низ протоколите за здравје и безбедност. Веруваме дека Кајри ќе го направи тимот подобар. Истовремено, ќе ни овозможи оптимално да ја балансираме физичката кондиција на тимот. Со нетрпение го очекуваме неговото враќање, на располагање ќе го имаме целиот тим“, се вели во соопштението на Нетс.

По ова Нетси се најдоа на удар на легендарниот центар Шекил О Нил, еден од најдобрите кошаркари во историјата.

„Мразам кога луѓето се предомислуваат без основа. Нетс брборат, кажуваат едно, а кога короната се шири, го прават спротивното. Да го пуштиме господинот Кајри да игра? – Не ја почитувам одлуката. Паника без причина. Звучат како да се седми во лигата. Не бидете глупави, тоа не ви треба“, изјави Шек за моментално најдобриот тим на Истокот.

Се вчитува...