Шест дена пред најважниот меч, Барселона чека добри вести

Играчите на Барселона, Педри и Френки де Јонг, и натаму не тренираат со остатокот од екипата. После два слободни дена, Каталонците од вторникот се подготвуваат за натпреварот со ПСЖ, а Шпанецот и Холанѓанецот и натаму се во процес на опоравување од повредите.

Медиумите со денови најавуваат дека Де Јонг ќе биде подготвен, дури и да го стартува натпреварот, а Педри дека ќе биде на клупата, но тие и натаму се надвор од стројот.

Како што моментално стои ситуацијата, средниот ред ќе биде сочинет од Серхи Роберто, со Кристенсен и Гундоган.

Мечот се игра во среда во 21:00 часот.

Се вчитува...