Шест години од најголемиот фудбалски шок во историјата (ВИДЕО)

На денешен ден пред шест години се случи најголемиот фудбалски шок во историјата. Бразил беше домаќин на Мундијалот, а во полуфиналето доживеа колапс во Бело Хоризонте, претрпувајќи го најголемиот пораз во историјата.

Во полуфиналниот меч Германците беа подобри од „кариоките“ со неверојатни 7-1. Бразилците во ниту еден момент не успеаја да му парираат на противникот, а на полувреме резултатот веќе беше 5-0. Подоцна во финалето Германија по продолженија со голот на Марио Геце ја совлада Аргентина, со што стигна до својот четврти трофеј на светските првенства.

Се вчитува...