Шест нови позитивни тестови на Ковид-19 во Премиер-лигата

Премиер-лигата објави дека од првите 748 тестови што се извршени врз членови на клубови (играчи, помошен персонал и стручен штаб), шест случаи се позитивни и лицата експресно се заминати во седумдневна самоизолација.

Тестирањата почнаа изминатиот викенд и според планот за враќање на фудбалот ќе се извршуваат двапати неделно. Шестмината позитивни се членови на три различни клубови, а согласно донесениот правилник, ниту имињата на заболените, ниту пак оние на нивните клубови нема да бидат обелоденети во јавноста.

Сите оние кои имаат негативни тестови од утре ќе можат да почнат групно да тренираат, а клубовите каде има позитивни случаи ќе бидат под засилен надзор.

Се вчитува...