Шестото засилување за Вест Хем Јунајтед пристигна од ПСЖ (ВИДЕО)

Вест Хем Јунајтед продолжува со засилувањата за новата сезона во која покрај битката во Премиерлигата ќе води битка и во Конференциската лига. За истите Дејвид Мојс ќе може да смета на Тило Керер кој од денеска и официјално е нов фудбалер на лондонскиот тим.

Дваесетипетгодишниот германскиот стопер во Лондон доаѓа од редовите на ПСЖ во трансфер вреден 12 милиони евра и за него тоа ќе биде трет клуб во сениорската кариера откако претходно беше дел и од Шалке 04.

Керер е шестото засилување на Вест Хем Јунајтед ова лето по Алфонс Ареола, Флин Даунс, Максвел Корнет, Најеф Агуер и Џанлука Скамака. Оваа листа се очекува наскоро да ја дополни Емерсон Палмиери.

Се вчитува...