Шевченко: Ова е како Чернобил, „Форца Италија“

Селекторот на фудбалската репрезентација на Украина и поранешен фудбалер на Милан Андреј Шевченко говореше за моменталната ситуација со пандемијата од Ковид-19, споредувајќи ја денешната ситуација со катастрофата во Чернобил чив сведок бил и самиот тој.

„Прво благодарам на сите медицински лица. Тие се вистинските херои на нашето време. Ситуацијата е многу слична на Чернобил. Живеев во моменти кои се слични на овој сега. Би ги поздравил сите Италијанци, секогаш сум со вас. Мораме да се надеваме дека ситуацијата ќе се поправи „Форца Италија““, изјави Шевченко. 

Шевченко имал десет години кога се случила страотната несреќа во Припјат. Тогаш живеел во Киев, но морал да биде евакуиран во Одеса поради високот ниво на радијација.

Се вчитува...