Шевченко пред отказ, Пандев и Џенова во потрага на нов тренер!?

Никако да тргне победнички украинскиот стратег Андриј Шевченко кој пред два месеци седна на клупата на Џенова со цел да помогне во битката за опстанок во Серија А, но резултатите и натаму не се најдобри.

Синоќешниот пораз од Специја на домашен терен може да биде најава за заминување на Шевченко од Џенова, пренесуваат италијанските медиуми.

Клубот во чии редови настапува и македонскиот напаѓач Горан Пандев наскоро може да добие нов тренер, а се шпекулираат две имиња, Роландо Маран и Давиде Балардини.

И претседателот на Џенова, Алберто Ѕангрило е загрижен поради резултатската криза и заканата дека можно е на крајот од сезоната да се пресели екипата во понизок ранг.

„Сите сме подготвени за дискусија, јас сум првиот. Мора да се анализира, овие тешки моменти ги засега сите, како и тренерот и играчите. Сега мора да бидеме активни на пазарот за да ја поправиме сликата која всушност станува тешка“, изјави Ѕангрило за ‘Скај Спорт’.

Се вчитува...