Шевченко за конфликтот: Горд сум на мојата земја, Украинците се чесен и слободен народ

Стартот на конфликт на територијата на Украина e во центарот на вниманието на светската јавност, а украинските јавни личности гласно ја критикуваат руската агресија.

Еден од нив е и Андриј Шевченко, фудбалската суперѕвезда што се огласи преку својот твитер-профил.

„Украина е мојата татковина, отсекогаш сум бил горд на мојот народ, на мојата држава. Минавме низ многу тешки моменти во последните 30 години и формиравме нација. Народ на чесни, вредни и слободни луѓе. Тоа е најважно од се. Ова е тешко време за сите нас, мора да останеме обединети. Заедно ќе победиме. Слава за Украина“, порача Шевченко.

Се вчитува...