Ширер: Кејн ќе замине доколку не освои ниту еден трофеј

Легендарниот Алан Ширер говореше за Хари Кејн и неговата ситуација во  Тотенхем. Тој смета дека по крајот на сезоната која е прашање дали ќе го види својот крај, напаѓачот ќе мора да се помири со фактот дека е помината уште една година без освоен трофеј.

„Претпоставувам дека доколку не освои ништо во следните 12 месеци тој ќе мора да замине од Тотенхем. Мислам дека ќе се обиде уште една година, а ако ништо не се промени кога се во прашање трофеите тој ќе замине“, изјави Ширер. 

Ширер е најдобар стрелец во историјата на Премиер-лигата со 260 постигнати гола, додека Хари Кејн досега има 136 гола.

Се вчитува...