Шишковски: Можеме да ја изненадиме Шкендија

Шкендија и Работнички не ја стартуваа најдобро новата сезона, а в сабота ги очекува меѓусебен дуел во Тетово. После репрезентативната пауза „романтичарите“ ќе гостуваат гостување кај актуелниот шампион, а голманот Дамјан Шишковски се надева дека Работнички може да оствари позитивен резултат.

„Шкендија е квалитетен тим, актуелен првак е иако не ја започна најдобро оваа сезона. Сигурно дека ќе сака брзо да го подобри пласманот. Но, и ние имаме свои планови и се надеваме дека ќе успееме да оствариме позитивен резултат“, вели Дамјан Шишковски за официјалниот сајт на клубот.

Натпреварот меѓу Шкендија и Работнички ќе се одигра в сабота, со почеток во 15 часот на Градскиот стадион во Тетово, а ќе го суди Дејан Јакимовски од Скопје. Ќе му помагаат Куштрим Лика (Кичево) и Дејан Василевски (Скопје). Четврти судија е Марјан Стојановски од Кичево.

Се вчитува...