Шишковски: Одбив нов договор, си одам од Работнички

Младинскиот репрезентативец на Македонија, Дамјан Шишковски, повеќе не е член на Работнички откако донесе одлука да не го продолжи договорот со „романтичарите“ што истекува со завршувањето на оваа полусезона. Тој откри дека добил понуда за продолжување на соработката, но сепак избрал да побара нов предизвик во кариерата. Младиот голман на последните средби го загуби првотимскиот статус од Божиновски, што сигурно имаше влијание врз неговата одлука за заминување.

Добив понуда за нов договор со ФК Работнички, разговарав со претседателот, но одбив да ја продолжам соработката. Благодарност за се до мојот досегашен клуб, меѓутоа почувствував дека тука сепак нема да ја добијам посакуваната минутажа и затоа ќе барам нов предизвик. Немам никакви контакти со ниту еден клуб засега, но верувам дека во зимскиот преоден рок ќе најдам соодветен клуб каде ќе продолжам да се надградувам како голман“ – изјави Шишковски за ЕКИПА.

Останува да се види дали Шишковски ќе остане дел од мак-фудбалот или ќе се реши за нов интернационалец предизвик откако тој веќе имаше еден трансфер во странство, во белгискиот Гент, каде сепак не доби шанса за ниту еден настап на официјалните натпревари за оваа екипа.

Се вчитува...