Шкендија ја раскина соработката со Влатко Стојановски

Македонскиот фудбалски прволигаш Шкендија го раскина договорот со напаѓачот Влатко Стојановски, потврдија од клубот. Соработката е прекината со меѓусебен договор на двете страни, па сега повремениот репрезентативец како слободен играч ќе бара нов клуб.

„Шкендија соопштува дека дојде до раскинување на соработката со меѓусебен договор со напаѓачот Влатко Стојановски. Му благодариме на Стојановски за неговиот ангажман во  црвено-црниот дрес, посакувајќи му се најдобро во иднина“, стои во соопштението од клубот.

Стојановски во Шкендија дојде во 2022 година, а во кариерата беше дел и од Металург, Ренова, Ним, Шамбли, Горица…

Се вчитува...