Шкендија ги почна подготовките за пролетниот дел од сезоната во ПМФЛ

Македонскиот прволигаш Шкендија го одработи првиот тренинг за 2023 година и на фудбалерите им беше претставена програмата од подготвителната фаза. Присутни беа сите фудбалери, меѓу кои и јануарското засилување Методи Максимов. Со дозвола од клубот отсуствуваше капитенот Хасани, кој од четврток ќе се приклучи на тренинзите.

Денеска и утре фудбалерите ќе ги минат лекарските прегледи, додека од петок екипата ќе излезе на терен и ќе продолжи со два тренинзи дневно.

До 24. јануари екипата ќе продолжи со работа во Тетово за кога меѓу другото се планирани два контролни натпревари. На 25. јануари е планирано патувањето за Анталија каде ќе се остане до 10. февруари. Во Турција покрај физичко-техничко-тактичката работа предвидени се и четири контролни натпревари.

Се вчитува...