Вардар, првпат во историјата, во Втора лига – Шкендија ги врати „лавовите“ чекор назад на патот кон Европа! (ВИДЕО)

ПМФЛ – РЕЗУЛТАТИ ВО ЖИВО – 32. КОЛО….

Струмица: БЕЛАСИЦА – АК. ПАНДЕВ (0-2)

Паноски 2′, Крстовски 14′(п)

Скопје: РАБОТНИЧКИ – СИЛЕКС (3-1)

М. Станковски 22′, Тодоровски 68′, Ѓурѓевиќ 70′ – Игнатов Шхтерев 10′

Струга: СТРУГА ТЛ – ВАРДАР (1-0)

Алтипармаковски 67′(п)

Велес: БОРЕЦ – РЕНОВА (2-0)

Мишов 31′, Баша 90’+2

Скопје: МАКЕДОНИЈА ЃП – ШКЕНДИЈА (3-4)

Фазли 31′, Да Силва 34′ (п), Божиновски 84′ – Ибраими 3′, 15′, Елези 51′, Алими 90’+1

Скопје: ШКУПИ – ПЕЛИСТЕР (0-0)

======================================================================================

  • Крај на натпреварите од 32. коло во Првата македонска фудбалска лига. Најтрофејниот македонски клуб Вардар и официјално се сели во Втората лига по поразот на гостувањето против Струга ТЛ која пак сега е поблиску до европска промоција откако Македонија ЃП на домашен терен загуби од Шкендија!

МАКЕДОНИЈА ЃП – ШКЕНДИЈА (3-4)

3-4 – 90’+1 – ГООООЛ ЗА ШКЕНДИЈА. Извонредна соло акција на Арменд Алими и прекрасен погодок со шут од 16 метри!


МАКЕДОНИЈА ЃП – ШКЕНДИЈА (3-3)

3-3 – 84′ – ГОООООЛ ЗА МАКЕДОНИЈА ЃП. По акцијата на Петров од левата страна и проигрувањето од Фазли, Боби Божиновски од десеттина метри погодува за израмнување во Ѓорче Петров


РАБОТНИЧКИ – СИЛЕКС (3-1)

3-1 – 70′ – ГООООЛ ЗА РАБОТНИЧКИ. По брзиот контранапад, одбиена топка до Ѓурѓевиќ кој од 12 метри од прва стрела во мрежата на гостите


СТРУГА ТЛ – ВАРДАР (1-0)

1-0 – 67′ – ГОООООЛ ЗА СТРУГА ТЛ. Марјан Алтипармаковски со гол од пенал конечно го крши отпорот на „вардарци“ во Струга


РАБОТНИЧКИ – СИЛЕКС (2-1)

2-1 -68′ – ГОООООЛ ЗА РАБОТНИЧКИ. Тодоровски носи водство за „романтичарите“…

МАКЕДОНИЈА ЃП – ШКЕНДИЈА (2-3)

2-3 – 51′ – ГОООООЛ ЗА ШКЕНДИЈА. Грешка на Китановски, Дашмир Елези краде топка на средината од теренот и во брз контранапад мајсторски погодува во мрежата на домашните

  • Почеток на второто полувреме на дуелите од 32. коло во ПМФЛ…
  • КРАЈ НА ПРВОТО ПОЛУВРЕМЕ…

МАКЕДОНИЈА ЃП – ШКЕНДИЈА (2-2)

2-2 – 34′ – ГОООООЛ ЗА МАКЕДОНИЈА ЃП. Кривак прави пенал, кој успешно го реализира Робсон Да Силва


БОРЕЦ – РЕНОВА (1-0)

1-0 – 31′ – ГООООЛ ЗА БОРЕЦ. Мишов ги носи велешани до предност


МАКЕДОНИЈА ЃП – ШКЕНДИЈА (1-2)

1-2 – 31′ – ГОООЛ ЗА МАКЕДОНИЈА ЃП. Одличен шут на Воша од 20 метри, на одбиената топка натрчува Фазли и сместува во мрежата


РАБОТНИЧКИ – СИЛЕКС (1-1)

1-1 – 22′ – ГООООЛ ЗА РАБОТНИЧКИ. Марио Станковски израмнува за „романтичарите“ на дуелот со Силекс


МАКЕДОНИЈА ЃП – ШКЕНДИЈА (0-2)

0-2 – 15′ – ГООООЛ ЗА ШКЕНДИЈА. Катастрофална грешка во одбраната на Македонија ЃП. Вандерсон Да Силва мајсторски се ослободува од двајца противнички дефанзивци и го проигрува Бесарт Ибраими кој минувајќи го и голманот носи водство од 0-2


БЕЛАСИЦА – АК. ПАНДЕВ (0-2)

0-2 – 14′ – ГОООООЛ ЗА АК. ПАНДЕВ. Марио Крстовски од пенал носи предност и од 0-2 за „пандевци“


РАБОТНИЧКИ – СИЛЕКС (0-1)

0-1 – 10′ – ГООООЛ ЗА СИЛЕКС. Брза акција на кратовци по левата страна, проигрување до Игнатов Шхтерев кој од непосредна близина стрела за 0-1


МАКЕДОНИЈА ЃП – ШКЕНДИЈА (0-1)

0-1 – 3′ – ГОООООЛ ЗА ШКЕНДИЈА. Бесарт Ибраими одлично шутира од 16 метри ниско по земја погодува во долниот лев агол од голот на домашните

БЕЛАСИЦА – АК. ПАНДЕВ (0-1)

0-1 – 2′ – ГОООООЛ ЗА АК. ПАНДЕВ. По корнерот од левата страна на Велиновски, Игор Паноски со глава носи предност за „пандевци“ во струмичкото дерби

  • ПОЧЕТОК НА НАТПРЕВАРИТЕ ОД 32. КОЛО ВО ПМФЛ

======================================================================================

Во 32. коло од ПМФЛ, фокусот кон натпреварите во битката за опстанок, и на дуелите кои играат Струга ТЛ и Македонија ЃП во трката за третата позиција на табелата која носи во Европа следната сезона.

Сите најнови случувања, шанси и голови од денешните средби ќе можете да ги следите во живо на ЕКИПА.МК.

Се вчитува...