Шкендија го демолираше Вардар, Шкупи и Академија Пандев до победа, Работнички се спасуваше во финишот од пораз со Беласица… (ВИДЕО)

ПМФЛ – РЕЗУЛТАТИ ВО ЖИВО – 24. КОЛО….

Струмица: АК. ПАНДЕВ – СТРУГА ТЛ (1-0)

Велиновски 29′

Скопје: ВАРДАР – ШКЕНДИЈА (1-6)

Мирчевски 10′ – Рамадани 27′, Ибраими 34′(п), 49′, Дориев 55′, Хабај 69′, Елези 90′

Кратово: СИЛЕКС – ШКУПИ (1-3)

Каракамишев 15′ – Руатубаје 35′, Диак Ламине 70′, Реџиналдо 88′

Струмица: БЕЛАСИЦА – РАБОТНИЧКИ (1-1)

Гуџуфи 18′ – Петковски 89′

Тетово: РЕНОВА – МАКЕДОНИЈА ЃП (1-2)

Шефити 16′ – Алексовски 36′, Чарлестон 90’+3

УТРЕ

Велес: БОРЕЦ – ПЕЛИСТЕР (15 ч.)

======================================================================================

  • Крај и на натпреварот во Струмица, Академија Пандев со голот на Велиновски дојде до победа против Струга ТЛ
  • Македонија ЃП благодарение на голот на Чарлестон во последните секунди дојде до победа од 1-2 со Ренова во Тетово
  • Шкупи однесе победа од 1-3 од гостувањето против Силекс во Кратово
  • Крај на дуелот во Струмица, Работнички со голот на Петар Петковски во финишот се извлече од пораз за реми (1-1) со Беласица.

РЕНОВА – МАКЕДОНИЈА ЃП (1-2)

1-2 – 90’+3 – ГОООООЛ ЗА МАКЕДОНИЈА ЃП. Да Силва нафрла од лево, а Чарлестон со глава носи водство за „лавовите“


СИЛЕКС – ШКУПИ (1-3)

1-3 – 88′ – ГОООООЛ ЗА ШКУПИ. Реџиналдо веќе ја осигурува победата на Шкупи во Кратово

  • Крај на натпреварот во Скопје, убедлива победа на Шкендија од 1-6 против подмладениот Вардар

БЕЛАСИЦА – РАБОТНИЧКИ (1-1)

1-1 – 89′ – ГОООООЛ ЗА РАБОТНИЧКИ. Петар Петковски го израмнува резултатот во Струмица


СИЛЕКС – ШКУПИ (1-2)

!!! – 79′ – Заслужен црвен картон кај Силекс. Ангелче Тимовски собори од зад грб осамен фудбалер на Шкупи кој иташе кон голот на кратовци, и заслужено доби исклучување

СИЛЕКС – ШКУПИ (1-2)

1-2 – 70′ – ГОООООЛ ЗА ШКУПИ. Диак Ламине носи пресврт во Кратово за предност на чаирчани

ВАРДАР – ШКЕНДИЈА (1-5)

1-5 – 69′ – ГОООООЛ ЗА ШКЕНДИЈА. Убава акција на гостите а нововлезениот Рубин Хабај погодува за 1-5


ВАРДАР – ШКЕНДИЈА (1-4)

1-4 – 55′ – ГОООООЛ ЗА ШКЕНДИЈА. Бесарт Ибраими сега во продор по левата страна, асистира до Дориев кој од 5-6 метри погодува во мрежата на домашните

ВАРДАР – ШКЕНДИЈА (1-3)

1-3 – 49′ – ГОООООЛ ЗА ШКЕНДИЈА. Нов кикс на вардаровата одбрана, Бесарт Ибраими луцидно краде топка и одлично сместува во мрежата на Илиќ

  • Почеток на второто полувреме на натпреварите од 24. коло во ПМФЛ…
  • КРАЈ НА ПРВОТО ПОЛУВРЕМЕ

СИЛЕКС – ШКУПИ (1-1)

1-1 – 38′ – ГОООООЛ ЗА ШКУПИ. По нафрлувањето од левата страна од слободен удар, Руатубаје со глава од 7-8 метри погодува во мрежата на домашните


РЕНОВА – МАКЕДОНИЈА ЃП (1-1)

1-1 – 36′ – ГООООЛ ЗА МАКЕДОНИЈА ЃП. „Лавовите“ израмнуваат со голот на Алексовски

ВАРДАР – ШКЕНДИЈА (1-2)

1-2 – 34′ – ГООООЛ ЗА ШКЕНДИЈА. Бесарт Ибраими од пенал носи водство за Шкендија

АК. ПАНДЕВ – СТРУГА ТЛ (1-0)

1-0 – 29′ – ГООООЛ ЗА АК. ПАНДЕВ. Одлична соло акција на Велиновски, шутира ниско по земја од 15 метри за 1-0

ВАРДАР – ШКЕНДИЈА (1-1)

1-1 – 27′ – ГОООООЛ ЗА ШКЕНДИЈА. По корнерот од десната страна, кикс на вардаровата одбрана, шут на осамениот Рамадани топката се одбива од Лазаревиќ и отседнува во мрежата на вардарци


ВАРДАР – ШКЕНДИЈА (1-0)

24′ – Одлична шанса за Бесарт Ибраими, но шутира покрај голот на Илиќ

БЕЛАСИЦА – РАБОТНИЧКИ (1-0)

1-0 – 18′ – ГОООООЛ ЗА БЕЛАСИЦА. Одлична соло акција на Гуџуфи, кој на крај од 15 метри ниско по земја погодува во мрежата на гостите


РЕНОВА – МАКЕДОНИЈА ЃП (1-0)

1-0 – 16′ – ГОООООЛ ЗА РЕНОВА. Шефит Шефити ја доведува Ренова до предност

СИЛЕКС – ШКУПИ (1-0)

1-0 – 15′ – ГОООООЛ ЗА СИЛЕКС. Засилувањето Каракамишев носи предност за Силекс на дуелот со Шкупи

ВАРДАР – ШКЕНДИЈА (1-0)

1-0 – 10′ – ГООООООЛ ЗА ВАРДАР. Извонредна акција, Мирчевски мајсторски избегнува замка и шутира одлично од 16 метри за водство на Вардар

СИЛЕКС – ШКУПИ (0-0)

5′ – Натпреварот во Кратово се игра во снежни услови… Кој ќе загуби сигурно ќе има за што да се жали по натпреварот.

ПОЧЕТОК НА НАТПРЕВАРИТЕ ОД 24. КОЛО ВО ПМФЛ…

  • Познати составите за пресметката меѓу Вардар и Шкендија во Скопје

======================================================================================

Во 24. коло од ПМФЛ, интересна пресметка во Струмица каде Академија Пандев ќе биде домаќин на Струга ТЛ. Некогашното големо дерби, сега со поинаков предзнак, меѓу Вардар и Шкендија се игра во Скопје.

Сите најнови случувања, шанси и голови од денешните средби ќе можете да ги следите во живо на ЕКИПА.МК.

Се вчитува...