Шкендија го одработи официјалниот тренинг пред утрешниот дуел со Арарат (ВИДЕО)

Македонскиот фудбалски прволигаш, Шкендија го одработи официјалниот тренинг во Ерменија пред утрешниот натпревар против Арарат во реваншот од 1. квалификациско коло во „најмладото“ европско фудбалско натпреварување, Конференциската лига.

Тетовци ќе имаат за задача на реваншот да ја одбранат позитивата од два гола по првиот натпревар одигран на „Тодор Проески“ арената минатиот четврток. Мечот меѓу Арарат и Шкендија е закажан за утре со почеток во 17 часот.

 

 

Се вчитува...