Шкендија го одработи последниот тренинг пред денешното заминување за Молдавија

Фудбалерите на Шкендија го одработија и последниот тренинг пред денешното заминување за Молдавија каде во четврток во Кишињев ги очекува реванш пресметката против Дачија од 1. квалификациско коло за Лигата на Европа.

Во максимална позитивна атмосфера тетовци заминуваат за Молдавија, со оглед на предност од 3-0 по првиот натпревар кој го играа во Струмица. Шефот на стручниот штаб, Ќатип Османи ќе смета на сите расположиви сили од тимот, верувајќи дека може да се одигра уште еден добар натпревар по кој ќе се заокружи патот кон следната рунда натпревари на европската сцена.

„Не смееме да се опушти и потцениме противникот без разлика на убедливата предност од 3-0. И во Молдавија мора да одиграме максимално ангажирано онака како што знаеме и умееме“ – истакна претходно Османи.

Натпреварот меѓу Шкендија и Дачија во Кишињев во четврток се игра со почеток од 16 часот по македонско време.

Се вчитува...