Шкендија вечерва го официјализираше трансферот на 27-годишниот голман Илир Авдили, кој доаѓа од Косово. Станува збор за чувар на мрежата кој претходно има настапувано за неколку екипи во косовскиот шампионат, а ланската сезона ја мина во албанскиот прволигаш Тирана.
Тренерот Ќатип Османи очекува со Авдили дополнително да се засили конкуренцијата на голманската позиција, а новиот чувар на мрежата беше регистриран навреме за да биде во комбинација за настап во квалификациите за Лигата на Европа против Дачија од Молдавија.
„Благодарност до стручниот штаб за укажаната доверба и за испратената понуда. Ветувам дека ќе го дадам максимумот, знам дека Шкендија е силен тим, а јас ќе сторам се за да помогнам во остварувањето на зацртаните цели“ – изјави Авдили при потписот на договорот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА