Шкендија го победи Работнички во „голеадата“ во Скопје, Борец го испраќа Вардар кон Втората лига… (ВИДЕО)

ПМФЛ – РЕЗУЛТАТИ ВО ЖИВО – 30. КОЛО….

Струмица: АК. ПАНДЕВ – РЕНОВА (1-1)

Миловановиќ 24′ – Селмани 48′

Скопје: МАКЕДОНИЈА ЃП – ПЕЛИСТЕР (3-0)

Робсон Да Силва 3′, Божиновски 82′, Фернандињо 90′

Струга: СТРУГА ТЛ – ШКУПИ (0-0)

Велес: БОРЕЦ – ВАРДАР (2-0)

Мишов 15′, Адили 82′

Скопје: РАБОТНИЧКИ – ШКЕНДИЈА (3-5)

M. Станковски 2′, Ѓурѓевиќ 69′, Јевтоски 89′ – Вандерсон Да Силва 19′, Хебај 42′, Нафиу 80′, Алими 85′, Ибраими 90′

Струмица: БЕЛАСИЦА – СИЛЕКС (1-3)

Демир 17′(п) – Ѓоргиев 13′, Манасиевски 68′, Штерев 89′

======================================================================================

  • Убедлива победа на Македонија ЃП од 3-0 против Пелистер со која продолжува во битката за Европа.
  • Натпреварот во Струга заврши без погодоци. Струга ТЛ и Шкупи ги поделија бодовите
  • Борец со совлада Вардар со 2-0 во директната пресметка за опстанок. Црвено-црните се повеќе кон второлигашката конкуренција.
  • Крај и на голеадата на „Тодор Проески“. Шкендија со 3-5 славеше против Работнички
  • Крај на натпреварот во Струмица. Академија Пандев ремизираше со Ренова

РАБОТНИЧКИ – ШКЕНДИЈА (3-5)

3-5 – 90′ – ГОООООЛ ЗА ШКЕНДИЈА. И Бесарт Ибраими се запишува во листата на стрелците за конечна победа на тетовци

БЕЛАСИЦА – СИЛЕКС (1-3)

1-3 – 89′ – ГОООООЛ ЗА СИЛЕКС. Кратовци ја запечатуваат победата во Струмица

РАБОТНИЧКИ – ШКЕНДИЈА (3-4)

3-4 – 89′ – ГООООЛ ЗА РАБОТНИЧКИ. Стефан Јевтоски ја намалува предноста на гостите

МАКЕДОНИЈА ЃП – ПЕЛИСТЕР (2-0)

2-0 – 82′ – ГООООЛ ЗА МАКЕДОНИЈА ЃП. Божиновски постигнува втор гол за „лавовите“ за сигурна победа


РАБОТНИЧКИ – ШКЕНДИЈА (2-3)

2-3 – 80′ – ГОООООЛ ЗА ШКЕНДИЈА. Валмир Нафиу погодува за тетовци за ново водство

БОРЕЦ – ВАРДАР (2-0)

2-0 – 80′ – ГОООООЛ ЗА БОРЕЦ. Трајковски одлично пред голот на Вардар проигрува за Адили кој од непосредна близина погодува со лизгачки старт

БЕЛАСИЦА – СИЛЕКС (1-2)

1-2 – 68′ – ГОООООЛ ЗА СИЛЕКС. Давид Манасиевски носи повторно водство за кратовци во Струмица

РАБОТНИЧКИ – ШКЕНДИЈА (2-2)

1-1 – 69′ – ГОООООЛ ЗА РАБОТНИЧКИ. Убава акција на домашните и одлично втрчување на Ѓурѓевиќ кој мајсторски го минува и Захов и стрела во мрежата на Шкендија


АК. ПАНДЕВ – РЕНОВА (1-1)

1-1 – 48′ – ГОООООЛ ЗА РЕНОВА. Ремзифаик Селмани израмнува за Ренова во Струмица со удар од левата страна, но и очајна реакција на Марко Јовановски кој како да дозволи топката да отседне во мрежата

  • Почеток на вториот дел од натпреварите во ПМФЛ…
  • КРАЈ НА ПРВОТО ПОЛУВРЕМЕ…

РАБОТНИЧКИ – ШКЕНДИЈА (1-2)

1-2 – 42′ – ГООООЛ НА ШКЕНДИЈА. Голем кикс на голманот на Работнички, Јанков кој несигурно реагира на гол-линијата а Хебај од непосредна близина погодува за 1-2


АК. ПАНДЕВ – РЕНОВА (1-0)

1-0 – 24′ – ГОООООЛ ЗА АК. ПАНДЕВ. Даниел Миловановиќ ги носи домашните до водство против Ренова


БЕЛАСИЦА – СИЛЕКС (1-1)

1-1 – 17′ – ГООООЛ ЗА БЕЛАСИЦА. Бенјамин Демир од пенал израмнува за Беласица

РАБОТНИЧКИ – ШКЕНДИЈА (1-1)

1-1 – 19′ – ГООООЛ ЗА ШКЕНДИЈА. Игор Вандерсон Да Силва го израмнува резултатот во Скопје

БОРЕЦ – ВАРДАР (1-0)

1-0 – 15′ – ГОООООЛ ЗА БОРЕЦ. Одличен напад на домашните по левата страна, нафрлување на шест метри пред голот на Вардар каде Мишев одлично реагира за водство на Борец

БЕЛАСИЦА – СИЛЕКС (0-1)

0-1 – 13′ – ГОООООЛ ЗА СИЛЕКС. Пепи Ѓорѓиев носи предност за кратовци во Струмица

МАКЕДОНИЈА ЃП – ПЕЛИСТЕР (1-0)

1-0 – 3′ – ГООООЛ ЗА МАКЕДОНИЈА ЃП. Да Силва шутира од 20 метри, голем кикс на голманот на Пелистер, Талески за водство на „лавовите“


РАБОТНИЧКИ – ШКЕНДИЈА (1-0)

1-0 – 2′ – ГООООЛ ЗА РАБОТНИЧКИ. Експресно водство на „романтичарите“ со голот на Марио Станковски

  • ПОЧЕТОК НА НАТПРЕВАРИТЕ ОД 30. КОЛО ВО ПМФЛ…

======================================================================================

Во 30. коло од ПМФЛ, во фокусот битките за третото место кое води во Европа, но и оние за опстанок во Велес и во Струмица. Борец и Вардар во директна пресметка за опстанок во Велес, а Ренова ќе мора по бодови против Академија Пандев во Струмица. Македонија ЃП по киксот со Струга во претходното коло сега мора на триумф против Пелистер.

Сите најнови случувања, шанси и голови од денешните средби ќе можете да ги следите во живо на ЕКИПА.МК.

Се вчитува...