Шкендија и Шкупи ќе им „судат“ на Македонија ЃП и Струга ТЛ за Европа, Вардар мора на победа со Работнички

Битката за опстанок и прашањето кој ќе стигне до третата позиција на табелата која води во Европа следната сезона, се единствените моменти интересни за следење до крајот на сезоната во Првата македонска фудбалска лига.

Во денешното 31. коло, клубовите кои се борат за европски излез ќе бидат пред „судот“ на Шкендија и Шкупи, кој веќе обезбедија Европа. Шкендија во Гостивар ќе го пречека Струга Трим Лум, додека Шкупи на теренот на ФФМ ќе биде домаќин на Македонија ЃП.

Сосема е јасно дека Шкендија и Шкупи ја носат фаворитската улога, но во ситуација кога за нив натпреварите се безначајни лесно може да одлучува мотивот на спротивната страна.

Во битката за опстанок, пак, Вардар мора да го победи Работнички ако сака да остане во игра за избегнување на претпоследната позиција. Посебно ако се знае дека Ренова е голем фаворит против Беласица. Силекс и Борец во меѓусебен дуел ќе одлучуваат за максимална безбедност на една од екипите пред последните две кола од првенството.

ПРВА ЛИГА – 31. КОЛО (13 ч.)

Битола: ПЕЛИСТЕР – АК. ПАНДЕВ

Тетово: РЕНОВА – БЕЛАСИЦА

Кратово: СИЛЕКС – БОРЕЦ

Скопје: ВАРДАР – РАБОТНИЧКИ

Гостивар: ШКЕНДИЈА – СТРУГА ТЛ

Скопје: ШКУПИ – МАКЕДОНИЈА ЃП

 

Се вчитува...