Финскиот прволигаш Хелсинки ќе биде противникот на македонскиот вицешампион Шкендија во 2. квалификациско коло од Лигата на Европа.
Хелсинки на реванш дуелот против велшкиот Конах’с славеше со убедливи 3-0, анулирајќи ја негативата од 0-1 од првиот меч во Велс.
Домашните фудбалери до триумфот стигнаа со головите на Јахуби во 11. минута и Пелвас кој стрелаше во 31. и во 55. минута.
Хелсинки е убедливо најдобриот тим во Финска, кој во моментов, по 16 одиграни кола, во новата сезона е на врвот во финскиот шампионат со 35 бода, осум повеќе од второпласираниот ВПС.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА