Шкендија на сериозен тест со Силекс, Струга ТЛ по триумф против Беласица

Активно продолжувајќи ја битката за шампионската круна, Шкендија против Силекс денеска во Тетово во 25. коло од Првата македонска фудбалска лига.

Тимот на Ернест Ѓока безусловно посакува три бода, и покрај тоа што се свесни дека кратовци ќе бидат повеќе од сериозен тест.

Струга Трим Лум, пак, најавува победа против Беласица.

„Паузата ја искористивме да ја освежиме екипата пред престојните натпревари кој се со згуснат распоред. И ако екипата е со намален играчки кадар, сепак има доста квалитет за да ја надминеме кризата и конечно да победуваме и да бидеме на она место и ниво кое овие играчи го заслужија во есенскиот дел. Против Беласица се освен победа ќе биде неуспех за нас. Верувам во моите играчи, не само на овој натпревар, туку и на сите пресотанати до крај на првенството“ – вели шефот на стручниот штаб на Струга ТЛ, Срѓан Захариевски.

ПРВА ЛИГА – 25. КОЛО (денеска, 15 ч.)

Скопје: РАБОТНИЧКИ – БОРЕЦ

Битола: ПЕЛИСТЕР – ВАРДАР

Тетово: ШКЕНДИЈА – СИЛЕКС

Скопје: ШКУПИ – РЕНОВА

Струга: СТРУГА ТЛ – БЕЛАСИЦА

ВЧЕРА

Скопје: МАКЕДОНИЈА ЃП – АК. ПАНДЕВ 1-2

Се вчитува...