Шкендија со победата од 3-0 над Пелистер ја заокружи фантастичната полусезона, во која „црвено-црните“ од Тетово дотуркаа до плејофот за влез во Лигата на Европа (беа елиминирани од Милан), а на прволигашката табела си создадоа огромна предност во однос на шампионот Вардар.
Тренерот Ќатип Османи и управата имаат многу причини за задоволство, па по заедничката вечера на играчите им беше даден одмор до 3 јануари, за кога е закажана првата прозивка во новата година.
Како што информираат од Шкендија, секој фудбалер од стручниот штаб добил специјална програма што мора да ја почитува за време на паузата од тренинзи. Тетовскиот клуб своите подготовки за вториот дел од сезоната ќе ги одржи во Охрид и во Анталија, Турција.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА