Шкендија нема избор освен победа, исто и Работнички

Актуелниот првак Шкендија загуби во Струга од новиот прволигаш во минатото коло, но избраниците на Ернест Ѓока сакаат да отпочнат со нова позитивна низа веќе од денешниот дуел против Шкупи во Тетово. Ако посакуваат и понатаму да ја задржат надежта за одбрана на шампионската круна, реално и немаат друг избор. Ќе мораат да се потрудат да ги освојат трите бода на денешната пресметка со составот од Чаир.

„Нашата цел е победа“, порачуваат од Шкендија. Се надеваат и на најповолен исход за нив од дербито меѓу Академија Пандев и Вардар во Струмица.

И Работнички нема друг избор, освен да брка втора победа во низа на домашен терен. Противник е Силекс, а „романтичарите“ сакаат да го напуштат последното место на табелата.

Интересна ќе биде пресметката и меѓу Борец и Ренова во Велес. Тоа е еден од директните дуели за опстанок, бодовите се премногу важни и за двете екипи во пресрет на зимската пауза.

 

ПРВА ЛИГА, 17.КОЛО (13 ЧАСОТ)

АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ – ВАРДАР

ШКЕНДИЈА – ШКУПИ

РАБОТНИЧКИ – СИЛЕКС

БОРЕЦ – РЕНОВА

ВЧЕРА: МАКЕДОНИЈА ЃП – СТРУГА ТРИМ ЛУМ 1-1 

Се вчитува...