Шкендија одигра нерешено и со Марибор

Фудбалерите на Шкендија и на третиот контролен натпревар во овој подготвителен период одиграа нерешено, овојпат ремизирајќи 1-1 на дуелот со словенечкиот шампион Марибор.

Мечот почна лошо за тетовскиот клуб, откако Марибор повеќе по само шест минути игра преку Бохар. Сепак, само четири минути подоцна Шкендија успеа да стигне до израмнување преку својот најдобар стрелец Бесарт Ибраими.

И двете екипи имаа свои шанси, а најубавата за Шкендија не ја искористи Жуниор, чиј обид во 31. минута беше одбранет од страна на голманот на Марибор.

Словенците беа нешто подобри во второто полувреме, но Захов не дозволи неговата мрежа да биде затресена, па и овој дуел, како и претходните два со Бад Радкерсбур и со Интер Запрешич заврши со идентични 1-1.

Се вчитува...