Шкендија одреди билети по цена од 200 денари за мечот со Дачија во ЛЕ

Шкендија одреди популарни цени на билетите за првиот меч од квалификациите на Лигата на Европа против молдавскиот тим Дачија, кој ќе се одигра в четврток, на стадионот „Младост“ во Струмица, со почеток во 18 часот. Фановите на овој тим ќе можат да го проследат мечот по цена од 200 денари.

Раководството на клубот објави дека билетите ќе стартуваат со продажба во вторник (27 јуни), во 10 часот наутро, а на денот на натпреварот ќе ги има на билетарниците пред стадионот „Младост“ во Струмица.

Се вчитува...