Шкендија остана без младиот Зејнулаи: Се здоби со скршеница на метатарзалната коска

Есенскиот лидер во македонскиот фудбалски шампионат, тимот на Шкендија, остана без услугите на младиот играч за врска Арбин Зејнулаи. Тој се здоби со скршеница на петтата метатарзална коска на стапалото на левата нога и ќе паузира најмалку еден месец.

Повредената нога на Зејнулаи е имобилизирана, а тој од подготовките во Охрид се врати во Тетово. Останатиот дел од тимот под раководство на тренерот Ќатип Османи ја одработува планираната програма за зимски подготовки. Првиот тест ќе биде на 16.јануари против Победа.

Се вчитува...