Шкендија по триумф и во Струга, Работнички мора да победи со Борец

По високата победа од 6-1 против Ренова, шампионот Шкендија без сомнение ќе атакува на нови три бода и против Струга ТЛ во денешното 16. коло од Првата македонска фудбалска лига.

Тетовци во Струга патуваа желни за нова победа со која дополнително би се доближале бодовно до водечките Вардар и Академија Пандев, во очекување на нивни киксеви во Кратово и во Чаир.

Работнички, пак, нема првенствена победа во последните шест кола, позицијата на табелата не дозволува негативната низа да продолжи, а денешниот ривал Борец е еден од директните конкуренти за опстанок. Оттаму во редовите на „романтичарите“ има максимална мобилизација, желни за безусловна победа.

„Сами дозволивме да бидеме во една ваква ситуација и самите треба да се извлечеме. Има квалитет во овој тим на Работнички, но едноставно работите не одат најдобро на резултатски план. Мораме да сториме се за да го добиеме мечот со Борец. Можам да кажам дека тоа е како финале за нас, бодовите ни се повеќе од потребни. Верувам дека ќе одиграме квалитетно и дека ќе успееме да го совладаме противникот“ – вели капитенот на Работнички.

ПРВА ЛИГА – 16. КОЛО (денеска, 13 ч.)

Кратово: СИЛЕКС – ВАРДАР

Скопје: ШКУПИ – АК. ПАНДЕВ

Струга: СТРУГА ТЛ – ШКЕНДИЈА

Тетово: РЕНОВА – МАКЕДОНИЈА ЃП

Скопје: РАБОТНИЧКИ – БОРЕЦ

Се вчитува...