Шкендија по триумф против Тиквеш како честитка за 30-годишниот јубилеј на „Балистите“, Работнички против „лавовите“ во скопската пресметка!

Струга ТЛ по вчерашниот триумф на гостувањето против Силекс со 1-2 уште денеска може да ја прослави есенската титула во Првата македонска фудбалска лига, ако Шкупи да не успее да слави против Победа во Прилеп во денешните преостанати натпревари од 16. коло.

Јасно е дека Шкупи, но и Шкендија, посакуваат триумф како би ја продолжиле трката за врвот со стружани.

Шкендија посебно се подготвува за денешниот дуел со Тиквеш во желбата со триумф да им го честита и 30-годишниот јубилеј на „Балистите“.

„Тие се наш 12-ти играч на секој натпревар. Имаме максимална поддршка од Балистите и тогаш кога не сме најуспешни на терен, па затоа сега сакаме со победа да им го честитаме роденденот“ – вели Мевљан Мурати пред денешниот натпревар.

Интересен дуел се очекува и во скопската пресметка меѓу Работнички и Македонија ЃП, екипи на кои и тоа како им се неопходни бодовите. Слично како и на Автокоманда каде Скопје го пречекува тимот на Академија Пандев.

ПМФЛ – 16. КОЛО (денеска, 13 ч.)

Скопје: СКОПЈЕ – АК. ПАНДЕВ

Тетово: ШКЕНДИЈА – ТИКВЕШ

Скопје: РАБОТНИЧКИ – МАКЕДОНИЈА ЃП

Прилеп: ПОБЕДА – ШКУПИ

ВЧЕРА

Кратово: СИЛЕКС – СТРУГА ТЛ 1-2

Ристовски 83′ – Ибраими 10′(п), Малески 24′

Слободна е Брегалница

Се вчитува...