Шампионот во ПМФЛ екипата на Шкендија потпиша професионални договори со двајца млади таленти, кои потекнуваат од школата на тетовскиот тим. Станува збор за Армир Иса и Назиф Цека.
Иса кој има 18 години игра во нападот, и се истакна со своите настапи во младинските тимови на клубот. Тој потпиша двегодишен професионален договор.
„За мене, остварување на детски сон е да го потпишам мојот прв професионален договор со Шкендија. Ова е само почеток и дополнителна мотивација да продолжам напорно да работам за да ја оправдам довербата и да го достигнам највисокото ниво.“, изјави Иса.
Назиф Цека (17 години) игра на позицијата централен бек, а потпиша и двегодишен професионален договор по добрите настапи и напредокот што го покажа во младинските тимови.
„Потпишувањето на договорот со Шкендија е посебна емоција. Среќен сум и мотивиран да продолжам да работам уште понапорно, гледајќи го ова како голем чекор кон мојот сон да играм во првиот тим.“, рече Цека.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА