Шкендија потпиша со Сабит Билали

Шкендија донесе ново засилување за наредната сезона откако денеска беше потпишан тригодишен договор со Сабит Билали. Овој 23-годишен играч за врска пристигнува од редовите на Шкендија, а на почетокот од кариерата настапуваше во Динамо Загреб, не успевајќи да се избори за место во тимот на хрватскиот гигант.

Билали треба да ја зголеми конкуренцијата во средниот ред, што беше ослабена со потврденото заминување на Тотре.

„Посебно е чувството да се биде овде. Шкендија е големо име во нашиот фудбал, во последните години овој тим беше успешен и во европските купови. Мене ми е чест што сум дел од овој шампионски тим“, изјави Билали.

Шкендија денеска го дозна и ривалот во првото квалификациско коло од Лигата на Шампионите, во кое тетовските „црвено-црни“ ќе се сретнат со словенечкиот првак Мура.

Се вчитува...