Шкендија се комплетираше пред Дачија: Бејтулаи, Мурати и Радески во строј

Македонскиот вицепрвак Шкендија се комплетираше во пресрет на првиот натпревар од воведното коло во Лигата на Европа, што ќе го одигра против молдавскиот тим Дачија, ве четврток на стадионот „Младост“ во Струмица. Во составот се приклучија и тројцата младински репрезентативци, Егзон Бејтулаи, Мевљан Мурати и Марјан Радески, кои беа дел од селекцијата на Македонија до 21 година која учествуваше на Европското првенство.

radeski trening

Тие добија многу кус одмор по враќањето во нашата земја, а од вчера веќе се во погон и се подготвуваат за првиот меч против Дачија. Шкендија минатата сезона стигна далеку во ова натпреварување, беше на чекор до пласман во групната фаза, играјќи во плејоф-колото во Лигата на Европа.

kjatip osmani trening skendija

Тренерот Ќатип Османи ги дели последните совети во пресрет на премиерниот меч на европската сцена оваа сезона, а сега ги има на располагање сите фудбалери. Шкендија ќе биде домаќин во Струмица, а цената на билетите изнесува 200 денари.

Се вчитува...