Шкендија се сели на охридското крајбрежје

Есенскиот фудбалски првак Шкендија денеска почнува со втората фаза од зимските подготовки. Тренерот Ќатип Османи и фудбалерите се селат од Тетово во Охрид, каде ќе се подготвуваат во следните седум дена. Во план се и две пријателски средби, но противниците ќе се договараат на лице место.

По седумдневни тренинзи и тестови на охридското крајбрежје, Шкендија ќе се врати во Тетово, а од 20.јануари е планирано заминување во турскиот туристички центар Анталија, каде ќе се реализира најважниот дел од подготовките, одигрување на пријателски натпревари со квалитетни противници.

Шкендија по 18 одиграни кола во Првата лига се наоѓа на врвот на табелата со 46 бода, осум повеќе од актуелниот шампион Вардар.

Се вчитува...