Шкендија се засили со Ералд Чинари

Албанскиот интернационалец Ералд Чинари е ново засилување на Шкендија. Напаѓачот доаѓа од редовите на Самсунспор, и потпиша договор до 2024 година.

Денеска Чинари ги помина лекарските прегледи, и го стави потписот на договорот. Тој игра како крилен играч, но може да настапува и во самиот шпиц на нападот. Во минатото беше дел од Партизани Тирана.

„Многу сум среќен што станав дел од Шкендија. Со нетрпение чекам да почнам да настапувам за тимот. Многу навивачи на клубот ми испратија пораки на социјалните мрежи и ми овозоможија да се чувствувам добро. Шкендија е една од најдобрите клубови во овој регион, и големо задоволство ми е што сум дел од овој тим. На навивачите им ветувам дека ќе дадам се од себе да ги оствариме целите“, рече Чинари.

Се вчитува...