Шкендија шест меча без публика во Тетово

Шкендија ќе ја нема поддршката од своите најверни навивачи на домашните натпревари до крајот на оваа натпреварувачка сезона, откако Дисциплинската комисија го казни овој клуб со настап на следните шест средби во Тетово пред празни трибини. Казната следува како одговор на инцидентите што се случија за време на реваншот од полуфиналето во Купот на Македонија меѓу Шкендија и Вардар, кога по конфликтот меѓу двајцата капитени Грнчаров и Хасани на терен влетаа дел од навивачите.

Судијата Александар Ставрев го прекина натпреварот, кој нешто подоцна продолжи, но „дисциплинецот“ се реши за ригорозна казна како предупредување до тетовци дека вакви случки можат да донесат и инцидент од далеку поголеми размери.

Ова практично значи дека Шкендија ќе игра пред празни трибини на домашните натпревари до крајот на сезонава, но и на првата домашна средба од следната сезона. Воедно, веќе е јасно дека утрешното дерби меѓу Шкендија и Вардар ќе се игра без присуство на публика.

Тетовскиот клуб најверојатно ќе поднесе жалба, но истата може да донесе само мало намалување на казната која е апсолутно заслужена.

Се вчитува...