Шкендија слави четврта шампионска круна… (ФОТО)

Шкендија сосема очекувано и заслужено, согласно се сработеното низ актуелнава сезона, на четири кола до крајот ја запечати новата шампионска титула.

По триумфот од 3-1 против Борец во 29. коло од ПМФЛ, тетовци слават четврта шампионска круна, враќајќи го трофејот по една сезоната повторно во своите витрини.

А, денешната победа со пресврт против велешани ја донесоа Мурати, Бесарт Ибраими и Рубин Хебај со головите во второто полувреме.

Шкендија ќе биде македонскиот претставник во новата европска сезона во квалификациите за Лигата на шампионите.

? We are the Champions ?
#Shkëndija ?⚫

Posted by KF Shkëndija on Недела, 25 април 2021

Се вчитува...