Шкендија „торпедирана“ од словенечки Копер

Шкендија доживеа убедлив пораз на вториот контролен натпревар за време на подготовките во Словенија.

По претходната победа од 1-0 над романскиот Аргес, овој пат македонскиот шампион доживеа пораз од 0-4 од словенечкиот Копер.

Словенците поведоа со голот на Суле уште во 18. минута. Потоа, во второто полувреме следеа уште три погодоци на противниците. Сидибе погоди во 48. минута за 2-0, Монсери во 51. минута и Јуриќ во 61 . минута за конечна победа од 0-4 на Копер.

Се вчитува...