Шкендија во градското дерби „под Шара“ за заверка на есенската титула!

Шкендија има отворена можност денеска во првиот натпревар од 17. коло во Првата македонска фудбалска лига против Ренова, во градската дерби пресметка под Шара, да си го завери првото место по есенскиот дел од шампионатот.

„Црвено-црните“ на Ќатип Османи играат одлична есен на прволигашката сцена сосема заслужено доминирајќи во елитната конкуренција, па во претпоследното коло со само реми денеска од 13 часот против Ренова може да дојдат до посакуваната предност од 12 бода недостижна за Вардар да им ја загрози „есенската титула“.

До крајот на есенскиот дел остануваат уште две кола, со оглед на тоа што 19. коло кое требаше да се игра на 14. декември е префрлено за пролетниот дел од сезоната. За Вардар, пак, има уште четири натпревари играње оваа есен, заедно со оние два заостанати против Академија Пандев и Работнички…

„Нашата желба е како и на секој друг натпревар и денеска да стигнеме до трите бода против Ренова. Веруваме во нашиот квалитет кој не води до победите оваа есен“ – вели бразилскиот интернационалец Жуниор.

Skendija trening

Во моментов Шкендија од 16 натпревари е со 40 бода на врвот од табелата, 11 повеќе од Вардар кој има и два натпревари помалку.

ДВОЈКИ – 17. КОЛО

Тетово: ШКЕНДИЈА – РЕНОВА (денеска, 13 ч.)

УТРЕ (13 ч.)

Битола: ПЕЛИСТЕР – ШКУПИ

Скопје: СКОПЈЕ – ПОБЕДА

Кратово: СИЛЕКС – РАБОТНИЧКИ

Струмица: АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ – ВАРДАР

Се вчитува...