Шкендија замина на подготовки во Анталија

Први од сите екипи од Македонија, фудбалерите на Шкендија утрово заминаа на подготовки во Анталија. Добро ќе им дојде патувањето на тетовци, со оглед дека условите во моментов низ земјава се лоши, со студено и снежно време.

Шкендија во Анталија ќе одигра четири пријателски натпревари, со цел подобро воигрување. Екипата таму можно е да добие уште некое ново име. Како што вчера објави ЕКИПА, пред трансфер во тетовскиот тим е албанскиот репрезентативец Одисе Роши. Досега екипата се засили со Михаил Маневски, Ферхан Хасани и Клисман Цаке.

Се вчитува...