„Школа“ по кошарка на Јокиќ, Богдановиќ и Јанг се сопственици на „Медисон“ (ВИДЕО)

Денвер Нагетс им се врати на победите во НБА лигата откако синоќа славеше на домашен терен против ЛА Клиперс со 127-115.

Повторно прво име во тимот од Колорадо беше Никола Јокиќ кој натпреварот го заврши со 30 поени надополнети со 14 скока и шест асистенции. Кај поразените Теренс Мен уфрли 24 поени.

Атланта Хоукс стигна до триумф на гостувањето кај Њујорк Никс од 111-117. Тре Јанг со 45 поени, и Богдан Богдановиќ со 32 беа први имиња во победничкиот табор. Кај поразените РЏ Берет заврши со 30 поени.

 

Во останатите мечеви од синоќешната понуда: Орландо – Голден Стејт 94-90 и Милвоки – Чикаго 126-98.

Се вчитува...