Шкотите пишуваат дека Седлоски е под притисок за оставка, а истото важи и за нивниот селектор! (ФОТО)

Пренесувајќи околу целокупната атмосфера во двата табори пред денешнета меѓусебна пресметка во Лигата на нациите, шкотските медиуми пишуваат дека „македонскиот селектор Гоце Седлоски е под притисок за оставка од македонските навивачи но и фудбалски лица од земјата“.

Шкотски „Дејли рекорд“, кој со своја екипа е во Скопје, пренесува дека Седлоски нема победа и постигнат гол откако е именуван за селектор на Македонија што наидува на револт кај дел од фудбалските лица од земјата.

„Оставка од Седлоски побара и поранешниот репрезентативец на Македонија, Игор Ѓузелов кој вели дека селекторот се мачи да го најде лекот за репрезентацијата. Сето тоа носи притисок за националниот тим кој брка победа во Скопје“ – пишува „Дејли рекорд“.

Но, еден од највлијателните шкотски медиуми пренесува дека во слична ситуацијата е нивниот селектор Себастиен Покоњоли кој исто така има лош старт во Лигата на нациите откако во август ја презеде Шкотска.

„Почетокот беше тежок за Себастијан Покоњоли како тренер на „Шкотска, а доколку националниот тим не постигне гол во првите 25 минути од натпреварот од Лигата на нациите во Скопјe, тоа ќе донесе неславен рекорд на репрезентацијата, најдолг период без постигнат гол во последните 154 години“ – пишува „Дејли рекорд“.

Шкотска нема постигнато гол цели 432 минути, последен против Хаити на СП 2026 во 28. минута од мечот.

Македонија, пак, веќе го собори рекордот на низа без постигнат гол од 607 минути. Последен гол на репрезентацијата е оној на Бојан Миовски во убедливиот пораз од 7-1 на гостувањето против Велс во 23. минута од мечот.

Се вчитува...